Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО).

ВБО додаде дека Усик има 30 дена да ги договори условите за борбата за одбрана на титулата против Паркер.

 

Со неговата победа против Британецот Тајсон Фјури минатата година, Усик стана првиот боксер во последните 25 години што ги обединил шампионските појаси на ВБЦ, ВБА и ВБО. Потоа најави дека ќе настапи во уште две борби пред крајот на кариерата, а неговата прва одбрана на титулата требаше да биде против подобриот од Паркер и Британецот Даниел Дубоа, што требаше да се одржи на 22 февруари во Ријад.

Сепак, Дубоа се повлече од борбата и беше заменет со Конгоанецот Мартин Баколе, кого Паркер го победи во само две рунди.

И покрај тоа, Дубоа се надеваше дека ќе договори борба со Усик во која Украинецот ќе ги донесе своите три појаси, а тој ќе го донесе својот, кој го држи според верзијата на ИБФ.

Паркер беше светски шампион на ВБО од 2016 до 2018 година.

globe

Слични новости

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота на гости убедливо го победи Денвер 115:95

Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми