Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО).
ВБО додаде дека Усик има 30 дена да ги договори условите за борбата за одбрана на титулата против Паркер.

Со неговата победа против Британецот Тајсон Фјури минатата година, Усик стана првиот боксер во последните 25 години што ги обединил шампионските појаси на ВБЦ, ВБА и ВБО. Потоа најави дека ќе настапи во уште две борби пред крајот на кариерата, а неговата прва одбрана на титулата требаше да биде против подобриот од Паркер и Британецот Даниел Дубоа, што требаше да се одржи на 22 февруари во Ријад.
Сепак, Дубоа се повлече од борбата и беше заменет со Конгоанецот Мартин Баколе, кого Паркер го победи во само две рунди.
И покрај тоа, Дубоа се надеваше дека ќе договори борба со Усик во која Украинецот ќе ги донесе своите три појаси, а тој ќе го донесе својот, кој го држи според верзијата на ИБФ.
Паркер беше светски шампион на ВБО од 2016 до 2018 година.
Слични новости
Атедокумбо ја надмина границата од 20.000 поени
Најдобриот грчки кошаркар за помалку од 25 минути постигна 32 поени и 15 скока, достигнувајќи вкупно 20.010 поени и стана 52-от играч во историјата на НБА лигата кој ја надминал границата од 20.000 поени
Денвер го победи Сакраменто по пресврт на крајот од мечот во дербито на Западот
Во последната четвртина Денвер заигра многу цврста одбрана и ја доби со 32:17, што беше клучно за победата на Нагетс
Лига на шампионите: Ливерпул, Барса, Интер и Баерн со предност пред реваншите
Иако фудбалерите на ПСЖ напаѓаа од првата до последната минута и создадоа бројни одлични шанси, Ливерпул победи со 1:0 во Париз во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите