Во последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи кај Северна Македонија. И не станува збор само за започнување преговори, туку и за реформската агенда, планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47-те милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји, изјавил Вајц за Еуроњус Бугарија.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц порачал дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидати е основа на нашата соработка во Европската Унија. Прашан за европскиот пат на Македонија Вајц истакнал дека во овие геополитички времиња, само заедно како европски народи, можеме да го браниме нашиот европски начин на живот и нашите европски вредности.
Вајц посебно ги нагласил владеењето на правото, борбата против корупцијата и независните судски системи што обезбедуваат правда за граѓаните и за бизнисот. Известувачот за Македонија порача дека се надева дека пристапувањето на Албанија ќе даде стимул и на политичката сцена во Македонија.
Доколку Северна Македонија се обврзе, сериозно се обврзе, на реформи – и со оглед на тоа што земјата е кандидат повеќе од 20 години, веќе презеде некои чекори што другите земји сè уште не ги презеле, како Босна или Србија. Значи, доколку навистина се обврзе на сериозни реформи, сепак ќе има некаква шанса да се приклучи на клубот на Албанија и Црна Гора за пристапување, во текот на овој мандат на Европскиот парламент.
За жал, досега не гледам дека се преземаат потребните реформи. Во овој момент, не гледам политичка волја од страна на владата да се обврзе, да се обврзе сериозно, особено кога станува збор за владеењето на правото и независноста на судството. Но, јас сум таму за да поддржам, јас сум таму за да му помогнам на регионот да се движи напред, затоа нема да се откажам, заклучил Вајц во интервјуто.
Слични новости
АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите
Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.
„Стоп за Усје“ денеска на протестен марш за чист воздух
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска ќе одржи протестен марш како притисок за поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје.
Од утре почнува да казнува „Сејф сити“
Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.