Американските медиуми објавуваат дека се очекува американската администрација неделава да ги продолжи ублажувањата на снакциите за руската нафта.

Одлуката на Вашингтон се очекува во наредните денови, а потоа се очекува да бидат ублажени и санкциите врз Иран.

Една од причините за ублажување на санкциите се високите цени на горивата по избувнувањето на кризата на Блискиот исток.  

Експертите предупредуваат дека санкциите се повеќе се користат како флексибилен механизам за регулација на пазарот, а не како главен инструмент на притисок.

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед