Американското воено воздухопловство ги употреби бомбите за разурнување на бункери ГБУ-57 во напад врз нуклеарен објект во рамките на иранскиот воен комплекс кај Техеран, покажа анализата на новите сателитски снимки.

Според проценките на експертите во нападот врз бункерите се користени бомбите ГБУ-57, кои се исклучително моќни бомби од конвенционалните муниции, а обично се носат на стратегиските бомбардери Б-2.

Во САД се води дебата за недостиг на овие стратегиски бомби за уништување подземни бункери, и според пишувањето на „Националн интерест“ на американската војска и преостанаа уште само шест такви бомби.

Во меѓувреме, американското воено воздухопловство веќе отпочна програма за развој на нова генерација муниција која би можела да ги замени бомбите ГБУ-57.

 

Слични новости