Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел, според извори запознаени со ситуацијата, што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран, објави Блумберг.
Целта на анализата е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.
Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари – американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара.
Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор.
Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа.
Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија – реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.
Слични новости
СпејсИкс откри загуби во секторот за вештачка интелигенција
Американската вселенска компанија СпејсИкс денеска ја поднесе документацијата на регулаторните органи и објави големи загуби во секторот на вештачката интелигенција.
Цената на нафтата во благ пораст
Цените на нафтата забележuvaaт раст од над 1%, откако пазарите продолжија внимателно да ги следат неизвесните мировни преговори меѓу САД и Иран, како и сигналите за намалување на глобалната понуда.
ЕУ постигна договор во врска со трговската спогодба со САД
Европсдката Унија постигна договор за примена на трговската спогодба со САД, а преговарачите од Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија се договорија за компромис по петчасовни преговори за законодавството со кој се спроведува спогодбата постигната минатото лето.


