Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел, според извори запознаени со ситуацијата, што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран, објави Блумберг.

Целта на анализата е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.

Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари – американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара.

Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор.

Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа.

Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија – реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.

 

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.

Дубаи со залихи за храна уште неколку дена

Дубаи со залихи за храна уште неколку дена

Дубаи и поширокиот регион на Заливот увезуваат помеѓу 80 и 90 проценти од нивната храна, а дури 70 проценти од храната за земјите од Заливот поминува низ Ормутскиот теснец.