Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел, според извори запознаени со ситуацијата, што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран, објави Блумберг.
Целта на анализата е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.
Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари – американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара.
Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор.
Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа.
Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија – реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.
Слични новости
Цените на нафтата и гасот во режим на паника
Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.
Почна дводневниот штрајк на пилотите на Луфтханза
Во германската авиокомпанија Луфтханза денеска започна дводневен штрајк на пилотите кој би можел да добведе до околу 300 откажувања на летови дневно
Индексите на европските берзи во пад
Индексот на Франкфуртската берза денеска во 10 часот падна за 0,91 насто, францускиот ЦАЦ 40 падна за 0,64 насто, а лондонскиот ФТСЕ за 0,72 насто.


