Администрацијата на Доналд Трамп разгледува што би значел за економијата потенцијален скок на цените на нафтата и до 200 долари по барел, според извори запознаени со ситуацијата, што укажува дека високите функционери ги анализираат можните последици од екстремни сценарија во војната со Иран, објави Блумберг.
Целта на анализата е американската администрација да биде подготвена за сите исходи, вклучувајќи и долготраен конфликт.
Цените на нафтата пораснаа откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари – американската референтна нафта ВТИ (WTI) скокна околу 30 отсто, на 91 долар по барел, додека брентот во истиот период порасна речиси 40 отсто, на околу 102 долара.
Белата куќа во средата соопшти дека дипломатските напори за ставање крај на војната сè уште траат, и покрај јавното одбивање на Иран да одговори на иницијативата на Доналд Трамп за преговори, со закани за понатамошна воена акција доколку не се постигне договор.
Администрацијата планирала воената операција да трае меѓу четири и шест недели, соопшти Белата куќа.
Министерот за енергетика Крис Рајт на 12 март изјави дека скок на цената на нафтата на 200 долари е „малку веројатен“. Сепак, тоа би претставувало огромен шок за светската економија – реално гледано, цената го достигнала тоа ниво само еднаш во последниот половина век, во 2008 година, непосредно пред светската финансиска криза.
Слични новости
Криптовалутите под притисок: биткоинот и алткоините и натаму губат на вредноста
Во последната недела од 11 до 17 мај биткоинот загуби 5,78 насто од својата вредност и падна на 77.457 долари за еден биткоин, иако пред само неколку месеци вредноста му достигна 125 .000 долари.
Нов поредок во автомобилската индустрија, Европа забавува, Кина во петта брзина
Глобалната автомобилска индустрија минува низ историско престројување додерка европските произведувачи соочени со пад на продажбата и вишок капацитети ги затвараат или распродаваат своите погони.
Цените на нафтата пораснаа откако Трамп кажа дека Кина ќе купува американска нафта
Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.


