Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.
Откако минатата недела Трамп ја отфрли иранската листа предлози како сосема неприфатлива, државните медиуми во Исламската република го обвинија Вашингтон за дипломатска нефлексибилност, упатувајќи контра предупредување, дека неподготвеноста на Соединетите држави да направат отстапки ќе го доведат преговарачкиот процес во ќор сокак.
И покрај острата реторика на Трамп, американскиот претседател минатата недела навести подготвеност да прифати 20 годишна суспензија на иранската нуклеарна програма, наместо нејзино комплетно напуштање, што претставува нова промена во неговата позиција.
САД најавија дека имаат разработено воени сценарија за напд врз Иран вклучувајќи и испраќање на специјални единици во Иран.
Американската блокада на иранските пристаништа и спорадичните напади на Исламската револуционерна гарда врз заливската нафтена инфраструктура не им дозволуваат енергетските пазари да се смират. Неделата започна со ново покажување на цената на нафтата на берзите на 111 долари за барел.
Слични новости
САД одобрија продажба на оружје во вредност од 10 милијарди долари за Германија
Одобрението, како што наведува Вашингтон е дел од зајакнувањето на капацитетите на НАТО сојузниците, пренесе германскиот весник „Шпигл“.
Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто
Цената на нафтата Брент се движи под 90 долари за барел, а американската сирова нафта падна на 84 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс. Ова е најниско ниво на цената на нафтата во последните 5 недели.
Нови руски удари во Украина
Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.


