Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно.

Гренел рече дека владата на Курти не била доверлива и за време на администрациите на Трамп и на Бајден. Тој додаде дека републиканците и демократите постојано го критикуваат Курти и дека меѓународната заедница е обединета против него.

„Реториката што ја користи сега, тврдејќи дека е близок до САД и подобар од сите претходни косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте“, рече Гренел.

„Имам многу пријатели во Косово и Албанија… и многу пријатели во Србија и во целиот регион.

Администрацијата на Трамп работеше и ќе продолжи да работи за мир за сите на Балканот.

Но, ни требаат доверливи партнери.

Владата на Курти не беше доверлива за време на првиот мандат на Трамп, ниту за време на мандатот на Бајден. И републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за преземање унилатерални активности кои го дестабилизираат регионот. Така и ЕУ и НАТО. Меѓународната заедница е обединета против Курти.

 

Американските компании се прошируваат во Албанија и Србија, но не се прошируваат на Косово поради Курти.

Курти, исто така, беше против секоја американска идеја понудена од претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и Трамп.

Реториката што сега ја користи Курти, тврдејќи дека е близок со САД и подобар од сите други косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте”, објави Гренел.

globe

Слични новости

Криза во БиХ во обидот за собоување на министерот за надворешни работи Конаковиќ

Криза во БиХ во обидот за собоување на министерот за надворешни работи Конаковиќ

Владината криза во Босна и Херцеговина во понеделникот дополнително се искомплицира откако водечката бошњачка опозициска партија SDA официјално покрена иницијатива за разрешување на министерот за надворешни работи на земјата Елмедин Конаковиќ, наведувајќи ги неговите врски со луѓе вклучени во организираниот криминал

Белград: Илјадници студенти блокираа една од клучните сообраќајни клучки

Белград: Илјадници студенти блокираа една од клучните сообраќајни клучки

Неколку илјади студенти од белградскиот универзитет во понеделникот ја започнаа 24-часовната блокада на Автокоманда – еден од клучните сообраќајни јазли во Белград, продолжувајќи ги своите протести кои повеќе од два месеца блокираа повеќе од 60 факултети во сите четири државни универзитетски центри.