Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно.
Гренел рече дека владата на Курти не била доверлива и за време на администрациите на Трамп и на Бајден. Тој додаде дека републиканците и демократите постојано го критикуваат Курти и дека меѓународната заедница е обединета против него.
„Реториката што ја користи сега, тврдејќи дека е близок до САД и подобар од сите претходни косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте“, рече Гренел.
„Имам многу пријатели во Косово и Албанија… и многу пријатели во Србија и во целиот регион.
Администрацијата на Трамп работеше и ќе продолжи да работи за мир за сите на Балканот.
Но, ни требаат доверливи партнери.
Владата на Курти не беше доверлива за време на првиот мандат на Трамп, ниту за време на мандатот на Бајден. И републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за преземање унилатерални активности кои го дестабилизираат регионот. Така и ЕУ и НАТО. Меѓународната заедница е обединета против Курти.
Американските компании се прошируваат во Албанија и Србија, но не се прошируваат на Косово поради Курти.
Курти, исто така, беше против секоја американска идеја понудена од претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и Трамп.
Реториката што сега ја користи Курти, тврдејќи дека е близок со САД и подобар од сите други косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте”, објави Гренел.
Слични новости
Хрватска има најголема инфлација во еврозоната
Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Поради земјотресите на Санторини затворени училиштата, воведени дополнителни летови
Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата
Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.