Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.
Како главна причина за финансиката криза се наведува намалувањето на донациите во католичките цркви ширум светот. Втората приина е ниското ниво на посети во Ватикан во спосредба со периодот пред пандемијата.
Во моментов негативното салдо на Ватиканскиот пензиски фонд се проценува на 631 милиони евра. Сепак, економијата на Ватикан се држи во тајност, што особено важи за приватната ватиканска банка основана во 1942.
Оваа банка во повеќе наврати беше во центарот на финансиски скандали, од кои последниот беше пред шест години кога нејзиниот претседател беше обвинет за проневера на средства во висина од 50 милиони евра.
Слични новости
Објавена листата на најпоставуваните прашања на асистентот за вештачка интелигенција на Amazon
Информациите за висината на Тејлор Свифт, вредноста на биткоинот и за социјалните мрежи на инфлуенсерот MrBeast биле меѓу најчесто поставуваните прашања за Alexa виртуелната асистентка на Amazon во Обединетото Кралство во 2024 година
Златник со ликот на Брут продаден за 1,98 милиони евра
Историскиот нумизматички артефакт го купил европски колекционер по „жестоко наддавање“ со осум онлајн понудувачи
Најмногу номинации за Златен глобус за „Emilia Perez“ и „The Brutalist“
„Emilia Perez“, за кој правата за дистрибуција ги стекна Netflix, доби десет номинации, а „The Brutalist“ од независниот дистрибутер А24 – седум