Ватикан денес врати 62 артефакти на староседелските народи на Канада во рамки на напорите на Католичката црква да се соочи со својата улога во потискување на автохтоните култури во Северна Америка.

Артефактите на делегацијата на Кандската конференција на католичките бискупи им ги предаде папата Лео, за време на аудиенција, пренесе Асошиејтед прес.

Во заедничкото соопштение на Ватикан и канадската црква се наведува дека предметите се „подарок“ и „конкретен знак на дијалог, почитување и братство“.

Поголемиот дел од предметите биле испратени во Рим во 1925 за големата изложба во рамките на Светата година. Иако Ватикан тврди дека предметите биле дарувани доброволно, автохтоните заедници и истражувачите укажуваат дека многу од предметите биле конфискувани во процеси на прислни асимилации.

Ватикан соопшти дека враќањето на предметите се поклопува со стогодишнината од изложбата.

 

 

Слични новости

Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели

Брижит Бардо ги смирува загрижените обожаватели

Поранешната француска филмска ѕвезда и активистка за заштита на животните, Брижит Бардо, моментално се опоравува и сака да ги увери оние кои се загрижени за нејзиното здравје, соопшти нејзината фондација