Кошаркарите на Валенсија за прв пат се пласираа во Фајнал -форот на Евролигата, откако во мајсторката го победија Панатинаикос со 81:64 и со 3:2 во победи се пласираа во завршницата на натпреварувањето.

Најефикасен во екипата на Валенсија беше Бранку Бадио со 20 поени, а Жан Монтеро и Брекстон Ки постигнаа по 12.

Панатинакос одигра слабо, Џеди Осман постигна само 10 коша, а Кендрик нан 9.

Валенсија успеа да направи фабтастичен преврт откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен и се врати до 3:2, од 0:2.

Слични новости