Капитенот на Реал Мадрид Федерико Валверде го продолжи договорт со кралскиот клуб за уште две години, со што Реал го обезбеди Валверде до 2031-вата година, бидејќи неговиот договор истекуваше во 2029.

На договорот на Валверде е ставена откупна клаузула од една милијарди евра, што е практика што ја применуваат шпанските клубови за да не им ги земаат најдобрите фудбалери.

Со продолжувањето на договорот, уследи и зголемување на платата на Валвреде, кој сега е меѓу најплатените играчи во клубот.

Валверде досега има одиграно 388 натпревари за Реал Мадрид, а во шпнаксиот клуб дојде од уругвајскиот Пењарол уште во 2016-та година.

Слични новости

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Кошаркарите на Денвер утринава на гостински терен го победија Мемфис со 123:118, со што ја забележаа петтата победа на последните седум меча.