Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло.
Во првото полувреме, Нкетија во 20. минута им донесе водство на гостите, а израмни Вилсон во 38. минута, за во самата завршница во 87. минута Гуехи со глава по корнер да им обезбеди три важни бода на „Орлите“.
Кристал Палас сега има 26 бода, еден повеќе од петтопласираниот Челзи и два повеќе од шестопласираниот Евертон, додека Фулам е 15-ти со 17 бода.
Арсенал води со 33 бода, два повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и три повеќе од третопласираната Астон Вила.
Претходно во неделата фудбалерите на Брајтон енд Хоув Албион и Вест Хем Јунајтед одиграа 1:1. Гостите беа блиску до освојување на три важни бода во битката за опстанок со голпт на Бовен во 73. минута, но Рутер во првата минута од судиското продолжување на мечот беше прецизен за конечните 1:1.
Седмиот Брајтон сега е седми со 23 бода, како и осмиот Сандерленд и деветтиот Ливерпул, додека Вест Хем остана 18-ти со 13 бода, два помалку од 16-тиот Лидс Јунајтед и 17-от Нотингем Форест.
Колото во понеделник ќе го заокружи дуелот меѓу Вулверхемтон и Манчестер Јунајтед.
Слични новости
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1
Интер Мајами првпат ја освои МЛС
Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето


