Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Казахстан со минимални 0:1 во квалификациите за пласман на СП.
Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-тата минута од мечот за три бода и прво мето, барем до крајот на мечот помеѓу Велс и Белгија кој се игра од 20:45 часот.

Треба да се напоме дека на овој меч македонската репрезентација имаше и доста среќата, бидејќи селекцијата на Казахстан имаше неколку добри шанси, а по еднаш ја погоди гредата и стативата во вториот дел.
Македонија со 4 одиграни меча е на првото место на табелата со 8 бодови, следува Велс со 7 кој вечерва игра против Белгија, која пак одигра само еден натпревар оној во Скопје кој заврши 1:1.
Казахстан има 3 бодови, а Лихтенштајн е без бодови. Вреди да се напомене дека Македонија со 11 официјални меча не знае за пораз.
Слични новости
Македонскиот напаѓач Миовски заминува од Жирона, најверојатно за Шкотска
Според последните информации, за Миовски е заинтересиран и Селтик кој понудил шест милиони фунти за ангажирање на македонскиот фудбалер.
Најголемиот аргентински талент Мастантуоно потпиша за Реал Мадрид
Реал Мадрид денеска и официјално го потврди ангажманот на еден од најголемите светски таленти, Франко Мастантуоно.
Филипо Инзаги ја напушти Пиза откако го водеше тимот до Серија „А“
Италијанските медиуми пишуваат дека се очекува Инзаги, кој го водеше и Беневенто до Серија „А“, сега да стане тренер на клубот од Серија „Б“, Палермо.