Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство.

„ Во една демократија принципот на мнозинство е норма, а едногласноста исклучок“ – изјави Вадефул за време на заедничката прес-конференција со неговата ирска колешка Хелен Мекенти во Лондон. „Ние мораме демократската норма да ја претвориме во норма и во Европската Унија“ истакна Вадефул, додавајќи дека само така Европа може да остане способна да дејствува.

 Вадефул оцени дека по изборите во Унгарија на 12 април и поразот на Виктор Орбан, сега постои поволен „временски прозорец“ кој мора да се искористи. 

Слични новости

Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше

Трамп и упати писмо на Кина да не испраќа оружје на Иран, Пекинг демантираше

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека писмено побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да не дава оружје на Иран. Кинескиот претседател му одговорил дека Кина не го снабдува Иран со оружје.