Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул повика на укинување на принципот на едногласност во Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика и негова замена со принципот на гласање со мнозинство.
„ Во една демократија принципот на мнозинство е норма, а едногласноста исклучок“ – изјави Вадефул за време на заедничката прес-конференција со неговата ирска колешка Хелен Мекенти во Лондон. „Ние мораме демократската норма да ја претвориме во норма и во Европската Унија“ истакна Вадефул, додавајќи дека само така Европа може да остане способна да дејствува.
Вадефул оцени дека по изборите во Унгарија на 12 април и поразот на Виктор Орбан, сега постои поволен „временски прозорец“ кој мора да се искористи.
Слични новости
Нови руски удари во Украина
Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.
Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите
За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.
Најава за втора рунда разговори Иран-САД
Официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.


