Трикратниот победник на грен-слем турнири, Стен Вавринка доби специјална покана да игра на Австралија Опен, турнир на кој го имаше својот прв настап пред речиси 20 години.
Триесет идеветгодишниот Швајцарец славеше и на терените во Мелбурн Парк кога во финалето во 2014 година го победи Рафаел Надал.
Тој ја освои својата прва грен-слем титула во 2014 година, што го однесе на третото место во светот, а подоцна додаде титули на Ролан Гарос во 2015 година и на УС Опен една година подоцна.
„Неверојатно сум благодарен што добив специјална покана за Австралија Опен во 2025 година“, изјави Вавринка, кој во последните години се мачеше со повреди и силно падна на ВТА.
„Мелбурн има посебно место во моето срце – тоа е местото каде што го освоив мојот прв Грен слем и тоа е една од најголемите пресвртници во мојата кариера“.
Покрај Вавринка, специјална покана добија и осум австралиски играчи, меѓу кои и Дарија Савил и Ајла Томљановиќ.
Воведниот грен-слем турнир во 2025 година е на календарот од 12-ти до 26-ти јануари.
Слични новости
НБА: Десетти „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава за тесна победа на Денвер
Никола Јокиќ го забележа десеттиот „трипл-дабл“ сезонава за Денвер Нагетс кои славеа тесна победа над Сакраменто Кингс со 130:129
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година
Бурнмаут и Вест Хем одиграа без победник
Фудбалерите на Бурнмаут и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во 16. коло од англиската Премиер лига