
Директорот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, изјави дека е постигнат договор со Џенаро Гатузо да стане селектор на „Азурите“.
„Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука“, изјави Буфон за италијанските новинари.
Џенаро Гатузо беше тренер на хрватскиот клуб Хајдук до јуни.
Пред тоа, Гатузо ги тренираше Марсеј, Валенсија, Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и Сион.
Слични новости
Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти
Сити сака да добие околу 50 милиони фунти од продажбата на 29-годишниот Британец, но засега нема понуди за играчот од средниот ред. Се разгледува и позајмица. Интерес за играчот претходно објавија Наполи, Евертон и Баер.
Оклахома направи брејк на гости кај Индијана и изедначи на 2:2
Индијана водеше во текот на целиот натпревар, но во завршницата Оклахома одигра многу цврста одбрана и направи серија од 8:0, додека нејзините две ѕвезди Шеи Гилџес Александар и Џејлен Вилијамс реализираа шутеви во клучните мометни од натпреварот
Македонскиот напаѓач Миовски заминува од Жирона, најверојатно за Шкотска
Според последните информации, за Миовски е заинтересиран и Селтик кој понудил шест милиони фунти за ангажирање на македонскиот фудбалер.