Фудбалерите на Бурнмаут и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во 16. коло од англиската Премиер лига.

Предноста на Вест Хем ја донесе Лукас Пакета со голот во 87. минута од пенал досуден за играње со рака на играчот од средниот ред на Бурнмаут, Тајлер Адамс во сопствениот шеснаесетник. Енес Унал израмни за Бурнмаут во 90. минута со одлично изведен слободен удар во горниот лев агол од голот на Вест Хем.
Борнмаут е шести на табелата со 25 бодови, додека Вест Хем е на 14. место со 19 бодови.
Слични новости
19 асистенции на Јокиќ во победата на Денвер врз Индијана
МВП-то на НБА, српскиот центар Никола Јокиќ, утринава постигна нов личен рекорд по бројот на аситенции, откако асистираше дури 19 пати на своите соиграчи во победата на Денвер врз Индијана 125:116.
Ливерпул триумфираше против Сити
Фудбалерите на Ливерпул направија уште еден голем чекор кон освојување на англиското првенство, откако го совладаа актуелниот четирикратен шампион Манчестер Сити со 2:0
Гвардиола ќе се ослободи од осум играчи кои беа столбот на Сити
Манчестер Сити има намера да стави осум играчи на трансфер листата во претстојниот летен преоден рок, објавија британските медиуми