Милијардерот Илон Маск, сопственик на Тесла и социјалната платформа Икс се најде во центарот на вниманието по онјавувањето на милиони документи кои се однесуваат на сексуалниот престапник Џефри Епстин. Неговото име се појавува во мејлови од 2013, а предизвика бура реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Според објавените мејлови Маск во декември 2013 разменувал пораки со Епстин за можна посета на неговото кариспко острово, додека посебна преписка покажува дека Епстин во февруари истата година се обидувал да договори ручек со Илон Маск.

Маск на својата социјална мрежа Икс наведе дека имал многу ограничена комуникација со Епстин и дека имал повеќекратни покани да го посети неговото острово или да патува со неговиот авион. Маск нагласи дека дел од преписката може да биде погрешно протолкувана, но дека не е загрижен за тоа.  

Слични новости

Израел: Војната со Иран може да трае долго

Израел: Војната со Иран може да трае долго

Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека војната со Иран може да трае долго и ги повика офицерите да се подготват за продолжен конфликт.

Експлозија во синагога во Белгија

Експлозија во синагога во Белгија

Во синагогата во белгискиот град Лиеж рано утринава се случи експлозија во која нема повредени. Белгиските медиуми пренесуваат дека е причинета материјана штета врз синагогата.