Сепак, и покрај својот ангажман во Украина, Русија може да распореди неколку единици на борбени авиони во Сирија, но прашање е каков ефект ќе има тоа, доколку нема организирана одбрана на теренот од силите на Асад проследена со контраофанзива. Доколку бунтовниците продолжат со успесите, Москва на крајот би можела да го вклучи африканскиот корпус кој е наследник на групата Вагнер.

Брзото воено напредување на сириските бунтовнички сили во минатата недела повторно ја доведе Сирија на насловните страници на светските медиуми и предизвика загриженост за ескалација на уште една војна на Блискиот исток. Главното прашање е како можеа да се регрупираат преку ноќ силите кои последните пет-шест години немаа никаков напредок против владините сили за кои самиот сириски претседател Башар ал-Асад тврдеше дека се поразени.

Аналитичарите истакнуваат дека главните причини за напредок на бунтовничките сили се слабеењето на главните сириски сојузници Русија, Иран и Хезболах. Самите бунтовници, пак, полека ја отфрлаат терористичката идеологија и на тој начин привлекоа голем број на нови припадници. Новиот напад на бунтовниците беше сосема  ненадеен и ги шокираше сите, а посебно изненадување беше што бунтовниците го зазедоа градот Алепо речиси без никаков отпор.

Асад за малку ќе ја загубеше граѓанската војна во Сирија уште во 2015 да не беше интервенцијата на Русија и на Иран. Меѓутоа, поради долгата војна во Украина Русите ги повлекоа своите сили од Сирија.

Асад го штитеше и Хезболах кој поради војната со Израел и големите загуби, беше принуден да ги размести своите сили од Сирија во Либан. Тоа го остави Асад без одбрана, а неговата војска очигледно не е опремена да и се спротивстави на опозицијата која ја има поддршката на Турција.

Групата Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) која го изведе нападот врз Алепо за кратко време успеа да воспостави контрола врз голем дел од севрозападот на Сирија, кој беше под контрола на војската на Башар ал Асад. 

ХТС во повеќе наврати се трансформираше од почетокот на граѓанската војна во Сирија, со промена на имињата и проширена улога во покраината Идлиб во која несметано владееше последните неколку години.

Групата која САД и неколку други земји одамна ја имаа прогласено за терористичка организација позната како Џабат ал Нусра имаше формирано формален сојуз со Ал Каеда, но во последните години ХТС јавно се откажа од меѓународниот тероризам и се обидува да се претстави како поумерена група. Сега ХТС нема никаква глобална агенда и е исклучиво национална, но без сомнение групата ги задржа конзервативните верски темели.

Во моментов челниците на ХТС велат дека не планираат да го применуваат шеријатскиот закон во подрачјата што ги контролираат, па дури и започнаа соработка со помалите христијански заедници во Сирија на кои им допуштија обнови на црквите и враќање на нивната одземена земја.

Во покраината Идлиб на границата со Турција, технократските лидери на групата познати како „влада на спасот“, соработуваа со хуманитарните агенции на ОН настојувајќи да им дадат поддршка на милионите Сиријци кои живеат тука. По долгогодишни борби со другите групи, ХТС сега изгради сојуз со нив кој заеднички се бори против милициите што ги поддржува Иран и против силите на Асад.

Бунтовниците имаат силна поддршка на Анкара. Русија значајно го намали своето воено присуство, особено воздухопловните единици, но нападот на руските воздухопловни сили врз базите на бунтовниците под турска контрола беа директна порака до Анкара,

Сепак, и покрај својот ангажман во Украина, Русија може да распореди неколку единици на борбени авиони во Сирија, но прашање е каков ефект ќе има тоа, доколку нема организирана одбрана на теренот од силите на Асад проследена со контраофанзива.

Доколку бунтовниците продолжат со успесите, Москва на крајот би можела да го вклучи африканскиот корпус кој е наследник на групата Вагнер,

Во секој случај јасно е дека војната во Сирија не е завршена и дека сега на површина избива новата геостратегиска реалност со заминувањето на Хезболах и на руските сили кои го штитеа режимот на Асад.

Слични новости

Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина

Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленскии во средата вечерта разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и други европски челници, со цел да добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев и да разговара за долгорочните безбедносни гаранции

Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина

Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната