Германскиот Бундестаг во вторник ја одобри уставната промена со која се овозможува ново задолжување за потребите на реформскиот пакет на идната влада за финансирање на одбраната и економијата во износ од речиси трилион евра.

„Сите пратеници можат да гласаат со чиста совест за промена на уставот. Станува збор за голема меница на иднината на нашата земја а со тоа и на иднината на следните генерации“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (CDU) и веројатно иден канцелар Фридрих Мерц за време на дебатата што му претходеше на гласањето за промената на Уставот.

Мерц рече дека планираното задолжување се оправдува и со „опасноста што Русија ја претставува за Германија и Европа“.

„Русија секојдневно води војна не само против Украина, туку и против Германија“, тврдеше Мерц споменувајќи ги  кибернетички напади и „насочени убиства и киднапирања на политички противници“.

Мерц, исто така, рече дека инвестициите во Бундесверот (германската армија) се „добра основа за зајакнување на одбранбените капацитети на Европа“.

Потпретседателот на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која преговара за коалициска влада со демохристијанската унија CDU/CSU, Ларс Клингбејл, ја нарече „историска“ одлуката за нов пакет мерки кои освен зајакнување на одбранбените капацитети, ја зајакнуваат и економијата и инфраструктурата на земјата.

„Светот токму се прекројува по ново. Никој не ја чека Германија и никој не ја чека Европа“, рече Клингбејл.

Опозициската крајно десна Алтернатива за Германија (AfD) одлуката за ублажување на таканаречената „должничка кочница“, механизам вметнат во Уставот по светската финансиска криза во 2008 година, ја нарече измама на гласачите.

Заменик-претседателот на AfD, Тино Хрупала, го обвини Мерц дека им попуштил на Зелените давајќи им гаранции дека дел од 500 милијарди евра наменети за реновирање на инфраструктурата ќе бидат инвестирани во проекти за климатска трансформација.

На CDU/CSU и SPD заедно им беа потребни и гласовите на партијата на Зелените за промена на Уставот. Зелените првично не сакаа да го одобрат укинувањето на забраната за зголемиуање на долгот бидејќи сметаа дека проектите не вклучуваат доволно мерки за спречување на климатските промени. Потоа, CDU/CSU и SPD ги задоволија барањата на Зелените со доделување на 100 милијарди евра од пакетот економска помош за проекти за климата.

Гласањето за измена на Уставот беше неопходно во овој состав на Бундестагот, кој денеска ја одржа последната седница. Во новиот Бундестаг, чија конститутивна седница е следната седмица – демохристијаните, социјалдемокраите и зелените нема да го имаат потребното двотретинско мнозинство.

AfD и партијата Левица сакаа со итни постапки пред Уставниот суд да го спречат денешното гласање со образложение дека Бундестагот во заминување нема легитимитет за промена на Уставот, но жалбите беа одбиени.

Денешната уставна промена допрва треба да ја одобри и домот на сојузните покраини Бундесратот, во петок.

globe

Слични новости

Осум повредени во нападот во Колорадо

Осум повредени во нападот во Колорадо

Нападот се случи во трговскиот центар „Перл Стрит“, популарен пешачки центар со продавници во близина на Универзитетот во Колорадо, за време на настанот „Трчај за нивните животи“, посветен на привлекување на вниманието кон заложниците земени по нападот на Хамас врз Израел

Нова рунда руско-украински разговори

Нова рунда руско-украински разговори

Претставници на Русија и Украина ќе се сретнат повторно во Истанбул во понеделникот за да преговараат за можни начини за завршување на војната, а изгледите за завршување на војната предизвикана од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година изгледаат далечни

Велика Британија се подготвува за директен воен судир, Русија и Кина означени како главни закани

Велика Британија се подготвува за директен воен судир, Русија и Кина означени како главни закани

Се очекува 1,5 милијарди фунти да бидат издвоени за изградба на шест нови фабрики за муниција, а Лондон ќе инвестира 6 милијарди фунти за производство на оружје од голем дострел, вклучувајќи ги и ракетите „Сторм Шедоу“.