Фудбалерите на Борусија Дортмунд во последниот натпревар од 15. коло на германската Бундеслига славеа против Волфсбург со убедливи 3:1.

Борусија Дортмунд ги разреши сите дилеми околку победникот меѓу 25. и 30. минута кога постигна три гола. Тогаш уследни дортмунскиот налет во Волфсбург, а стрелци беа Мален, Бејер и Брант. Домашните намалија во 58. минута со голот на Вавра, а само четири минути подоцна гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Грос.

Сепак, до крајот Волфсбург не успеа да постигне гол или да го искомплицира овој натпревар. Така Волфсбург остана на 11. место, додека Борусија Дортминд се искачи на шестата позиција.

 

Фудбалерите на Бохум во 15. коло ја остварија првата првемствана победа сезонава, откако во неделата пред своите гледачи го совлада Хајденхајм со 2:0. Двата гола Бохум ги постигна во првото полувреме. Стрелци беа Брошински во шестата минута и Беро во 38. минута. Во победничкиот тим од 79. минута играше хрватскиот фудбалер Јаков Медиќ.

И покрај победата, Бохум сѐ уште е последен на табелата. Сега има шест бода, додека пред него се Холштајн Кил со осум и Хајденхајм кој собра десет бода.

globe

Слични новости

Усик повторно подобар од Фјури

Усик повторно подобар од Фјури

Украинскиот шампион во тешка категорија Олександар Усик ја одбрани светската титула победувајќи го британскиот боксер Тајсон Фјури на поени во Ријад