Европската филмска академија ги соопшти номинациите за Европските филмски награди ЕФА за 2026 за техничките категории, а најмногу номинации има филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос „Бугониа“ со Ема Стоун „Бугониа“ кој е крајно чудна интерпретација на на корејската научно фантастична комедија „Спасете ја планетата“. „Бугониа“ освои номинации за најдобра оригинална музика, монтажа, мејк ап, продукциски дизајн и тон.
Постапокалиптичниот филм „Сират“ на Оливие Лакс има номинации за најдобар каст, кинематографија, монтажа, продукција и тон. „Звукот на падот“ германска историска драма на Маша Шилински освои номинации за кастинг, кинематографија, оригинална музика, костими и мејк ап.
Норвешката мелодрама „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир која води во главните категори со пет номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар европски филм доби три номинации во техничките категори..
Слични новости
Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години
Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди
Скарлет Јохансон во завршни преговори за да игра во новиот Бетмен
По четири години кога за последен пат играше во филм со стрип јунаците на Марвел Скарлет Јохансон е на чекор да се врати во Готам. Како што известуваат холивудските медиуми, таа е во завршни преговори за да игра во Бетмен 2, секвелот на хитот на Мат Ривс од 2021
Лондонската божикна елка која традиционално ја поклонува Норвешка, вечерва ќе биде осветлена на Трафалгар
Елката симболизира пријателство меѓу Лондон и Осло во церемонија која потсетува на историјата на сојузништво меѓу двете земји. Овогодишната елка наречена „Вечниот Осло“ е висока околу 20 метри и е стара 60 години.


