Европската филмска академија ги соопшти номинациите за Европските филмски награди ЕФА за 2026 за техничките категории, а најмногу номинации има филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос „Бугониа“ со Ема Стоун „Бугониа“ кој е крајно чудна интерпретација на на корејската научно фантастична комедија „Спасете ја планетата“. „Бугониа“  освои номинации за најдобра оригинална музика, монтажа, мејк ап, продукциски дизајн и тон.

Постапокалиптичниот филм „Сират“ на Оливие Лакс има номинации за најдобар каст, кинематографија, монтажа, продукција и тон. „Звукот на падот“ германска историска драма на Маша Шилински освои номинации за кастинг, кинематографија, оригинална музика, костими и мејк ап.

Норвешката мелодрама „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир која води во главните категори со пет номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобар европски филм доби три номинации во техничките категори..

 

 

Слични новости

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година

Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години

Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години

Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди