Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР.

Домаќин на настанот е министерот за внатрешни работи Даниел Митов. Тој ќе ги пречека колегите од Романија – Каталин Предоју и од Унгарија – Шандор Пинтер, како и делегација предводена од Франц Руф – генерален директор за јавна безбедност на Сојузното Министерство за внатрешни работи на Австрија.

 

Програмата на делегациите опфаќа посета на зелената граница во реонот на граничниот премин Капитан Андреево, потпишување заеднички документ со кој се регулира постапувањето на контингентот од страна на шефовите на надлежните структури во присуство на министрите, како и како и брифинг за медиумите.

На крајот на ноември минатата година тогашниот вршител на должноста министер за внатрешни работи Атанас Илков посочи дека се планира во обезбедувањето на бугарско-турската граница да се вклучи заеднички контингент од 100 граничари од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија. Разбирањето на четирите земји е дека заштитата на надворешните граници на ЕУ треба да биде заедничка одговорност, рече тогаш Илков, потсетува БТА.

„На никаков начин нема да дозволиме мигрантски притисок преку бугарско-грчката граница, изјави на почетокот на годинава директорот на Граничната полиција, главниот комесар Антон Златанов, по повод полноправното членство на нашата земја во Шенген. Во текот на целата година кажуваме дека годишниот извештај и годишната анализа покажуваат дека имаме 70% намалување на обидите за влез и 46% помалку луѓе кои влегуваат во земјава. Оваа година, целите што реално си ги поставивме се да ги задржиме овие бројки, а не толку да ги подобриме“, додаде главниот комесар.

globe

Слични новости

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.