Случајот со 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која по повеќемесечни барања за лекување во Бугарија, под нејасни околности пребега во Софија и дополнително ги заостри односите меѓу Скопје и Софија, со големо внимание се следи во бугарската јавност.
БНТ објави дека Михаилова е примена во болницата „Пирогов“, каде што во следните денови треба да ѝ бидат направени низа испитувања. Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека нејзиното министерство не било известено за конкретните чекори што ги презеле Михаилова и нејзиниот адвокат.
„Важно е таа да добие можност за соодветно лекување во Бугарија, и тоа што е можно поскоро – изјави Петрова. Таа оцени дека станува збор за хуманитарен случај за кој, според неа, во Македонија немало соодветна реакција, поради што биле преземени „очајнички чекори“.
Од партијата Преродба, побараа бугарската дипломатија да ја задржи „цврстата позиција кон Македонија во врска со случајот на Ива Михаилова“.
Пратеникот Ангел Георгиев изјави дека македонските власти треба да ги преиспитаат своите постапки и да не го користат случајот за поттикнување омраза кон Бугарија. Тој нагласи дека Михаилова ги поседувала документите со кои, според нејзиниот исказ, ја минала границата.
Михаилова е обвинета во постапката што се води во Кочани по тешката сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, која се случи на 7 октомври 2025 година и во која загина едно лице, а повеќе луѓе, меѓу кои и таа, беа повредени. На Михајлова и беа одземени патните исправи. Следното рочиште е закажано за 6 ноември, и според нејзиниот адвоокат од Македонија, може да се одржи и во нејзино отсуство.
Слични новости
Активни пожари во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
Во текот на изминатото деноноќие беа регистрирани вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола, извести Центарот за управување со кризи.
И за празникот жешко време во Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава


