Амбасадата на Бугарија во Скопје повика на спречување на блокирање на граничните премини и патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Ова е наведено во објава на официјалната Фејсбук страница на дипломатската мисија, потпишана од бугарскиот амбасадор во Северна Македонија, Железко Радуков.

Амбасадата им се заблагодарува на бугарските институции, организации и граѓани за изразената поддршка за мисијата „во сегашните особено тешки услови“.

Оваа објава доаѓа откако беа опожарени два автомобила на бугарската амбасада во Скопјe. Бугарската амбасада наведува  дека националниот интерес на Бугарија бара земјата да остане отворена за своите југозападни соседи преку промовирање на културна размена, контакти меѓу поделени семејства, како и економска соработка и трговија.

 

Слични новости

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши