Министерката за надворешни работи Велислава Петрова испрати порака до Македонија дека Бугарија нема да се повлече од она што беше договорено во 2022 година, а патот на Скопје кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски.

„Ова не е билатерално прашање, туку станува збор за односи на земја кандидат и и Европската унија“ изјави Велислава Петрова за БГНЕС.

Таа смета дека тонот од бугарската страна остануваисклучително позитивен, но не гледа исто политичко однесување од Македонија.

Петрова рече дека властите во Скопје треба да го искористат моментално отворениот прозорец за проширување во ЕУ, наместо да ги ескалираат тензиите со Софија.

 

Слични новости

Денеска пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за шверц на дрога

Денеска пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за шверц на дрога

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.