Со завршувањето на јануари, Бугарија стави точка на повеќедецениската употреба на својата национална валута. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.

Отсега, купувањето стоки и плаќањето услуги може да се врши исклучиво во евра, а продавниците, трговските објекти и давателите на услуги веќе немаат обврска да прифаќаат левови.

Трговците се должни кусурот да го враќаат само во европската валута, без оглед на тоа со што било извршено плаќањето во претходниот период, со цел да се спречат забуни и можни злоупотреби.

 

Слични новости

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цените на нафтата и гасот во режим на паника

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника.