Бугарскиот парламент одобри привремена забрана на извозот на нафтени деривати во Европската унија, вклучувајќи ги и дизел и авионските горива, поради заштита на енергетската безбедност и стабилноста на домашниот пазар.

Одлуката е усвоена со 135 гласа за, 4 против и 42 воздржани, пренесоа бугарските медиуми.

Забраната не опфаќа дополнување на гориво за странските бродови и авиони, како ни снабдување на оружените сили на земјите членки на НАТО.

 

Парламентот му наложи на шефот на Дрѓавната агенција за резерви и воени залихи до 7 ноември да изврши инспекција на количествата гориво, а законодавците наведоа дека целта на мерката е спречување на потенцијален раст на цените на горивата.

Мерката е воведена откако Америка воведе санкции на руската нафтена компанија Лукоил.

Слични новости

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари

Цените на нафтата паднаа под 63 долари во понеделникот на меѓународните пазари, сигнализирајќи дека стравовите на инвеститорите од прекини во снабдувањето се намалија

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел