По денови безуспешни гласања и во рекордниот 10-ти обид, Бугарија, конечно, доби претседател на Народното собрание, откако Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, а 98 беа против.
Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, 98 беа против, пренесе БГНЕС.
Тошко Јорданов од ИТН побара прегласување, но во последователното прегласување, Наталија Киселова беше избрана за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија. Ја поддржаа 68 пратеници од ГЕРБ-СДС, 35 од ПП-ДБ, 34 од „Вазраждане“ гласаа „против“. Против беа и 29 пратеници од ДПС-Нов почеток. Поддршка на Киселова дадоа сите 18 пратеници од БСП. 19 од АПС – исто така гласаа „за“, ИТН беа против, МЕХ – исто така против.
Својата кандидатура на гласање ја достави и Силви Кирилов за кој „за“ гласаа 98 пратеници, „против“ 119, воздржани 17.
Веднаш по изборите Киселова се заблагодари и на оние кои ја поддржаа и на оние кои не ја поддржаа. Таа изјави дека ќе биде претседател за сите.
Слични новости
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука.
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата