Земјите членки на ЕУ решија денеска од 1 јануари 2025 да се укинат контролите на луѓето на внатрешните копнени граници со Романија и Бугарија, соопшти Советот на ЕУ.
Унгарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека министерите за внатрешни работи на ЕУ ја усвоија оваа одлука, оценувајќи дека станува збор за голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа.
„Историски момент е конечно да ги дочекаме Бугарија и Романија како полноправни членки на Пенген. Ова беше еден од главните приоритети на унгарското претседателство.
Овој чекор ќе биде од полза не само за граѓаните на Буфгарија и на Романија, туку за ЕУ како целина“, порача унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер.
Министерството за вцнатрешни работи на Австрија месецов наведе дека ќе го укине ветото за прием на Бугарија и Романија во полноправо членство во Шенгенската зона на слободно движење, со што беше отворен патот ЕУ министрите да го одобрат овој чекор.
Слични новости
Црна Гора: На седница на парламентарна комисија фрлена димна бомба
На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен удар во Црна Гора
Турција ќе добие уште милијарда евра од ЕУ за сириските бегалци
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторникот објави дека Турција ќе добие уштемилијарда евра оваа година за помош на сириските бегалци во земјата
Србија и натаму блокирана во пристапните преговори со ЕУ
И покрај напорите на унгарското претседателство, пристапните преговори со Србија остануваат блокирани, додека Црна Гора и Албанија постигнаа напредок во пристапниот процес во понеделник и вторник