Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а на дизел горивата и за повеќе од 50 дена изјави претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи Асен Асенов.

Во случај на кризна ситуација горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо до пазарот, додека цените ќе ги следат нивоата на пазарот за да се избегнат шпекулации и шокови, порача Асенов.

Американските и британските санкции врз Лукоил стапуваат во сила на 21 ноември, но рафинеријата во Бургас која е во сопственост на Лукоил ќе продолжи со работа. Сепак, дури и да престане со работа, има планови како Бугарија да ја прерапотува суровата нафта, рече Асенов.

Бугарскиот парламент во петокот усвои закон за административно регулирање на економските активности поврзани со нафтата кои му даваат вонредни овластувања на идниот специјален управник на компанијата Лукоил во Бугарија.

Врз основа на новите овластувања, управникот ќе може да ја продаде рафинеријата во Бургас, а рускиот Лукоил кој до сега управуваше со рафинеријата веќе нема да има право на глас нити можност на жалба врз одлуката за преземање на Лукоил.

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица