Јавниот обвинител Гаврил Бубевски, во гостување на телевизија Телма, за случајот со трагично загинатата Фросина Кулакова посочи дека постапката е проширена и против родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој управувал возило под дејство на алкохол, бил без возачка дозвола и поминал на црвено. Последниот момент дополнително ја зголемува кривичната одговорност и внесува умислен аспект.
„Умислата тука се подразбира. Сторителот бил свесен за своите дејствија, а сепак се согласил со последиците. Возење под дејство на алкохол, со брзина над дозволената, влегување на пешачки премин при црвено светло – сето тоа покажува дека умислата е дефинирана“, изјави Бубевски.
„Испитуваме дали родителите свесно му овозможиле пристап до возилото, што претставува средство за предизвикување општа опасност“, додаде тој.
Јованов во 2023 година, предизвикла сообраќајка, удрајќи во друго возило и притоа полесно била повредена сопатничка, но завршил само со парична казна. На прашањето како можел толку долго да вози без дозвола и да остане неоткриен, обвинителот посочи дека превенцијата започнува од самите граѓани и семејствата.
„За да спречиме вакви случаи, сите мора да преземеме одговорност – од семејството па натаму“, истакна тој.
Слични новости
Божиновска и грчката амбасадорка Филипиду разговараа за гасниот интерконектор и енергетскиот пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. Се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.
Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување
Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување, изјави денеска на прес-конференција, Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“