Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук.
„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ја објавувам денеска како одговор на државниот терор што се спроведува врз градот Миннеаполис“, напиша Спрингстин.
„Таа е посветена на луѓето од Миннеаполис, на нашите невини соседи имигранти и на споменот на Алекс Прети и Рене Гуд.“
Стихови за насилство и отпор
„Град во пламен се бореше со огнот и со ICE под чизмата на окупаторот. Приватната војска на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност, со пиштоли на појасот, дојде во Миннеаполис да го спроведе законот… или барем така гласи нивната приказна.“
„Граѓаните се кренаа за правда, нивните гласови одекнуваа низ ноќта“, продолжува песната.
„А таму каде што требаше да има милост, останаа само крвави траги. И две мртви тела оставени да умираат на улиците покриени со снег – Алекс Прети и Рене Гуд.“
„Ќе ја браниме оваа земја и странеците меѓу нас. Тука, во нашиот дом, убиваа и пустошеа во зимата ’26. Ќе ги паметиме имињата на оние што умреа на улиците на Миннеаполис…“
„Федералните насилници на Трамп го удираа по лицето и по градите. Потоа ги слушнавме истрелите и Алекс Прети лежеше мртов во снегот. Тврдеа дека станувало збор за самоодбрана – само не верувајте им на сопствените очи.“
Слични новости
Филмскиот фестивал во Кан ќе биде отворен со комедијата „Електричната авенија“ на Пјер Салвадори
Годинава отварањето на престижниот филмски фестивал во Кан ќе биде на 12 мај, а домаќин на церемонијата на отварање на фестивалот ќе биде актерката Еје Хаидара.
Брус Спрингстин ја започна новата американска турнеја со силни политички пораки против администрацијата на Трамп
Според часописите „Ролинс Стоун“ и „Билбоард“ неговиот настап беше повеќе политички митинг, отколку што беше концерт.
Редок нацрт на текст од Боб Дилан пронајден во книга на Ален Гинзберг
Скоро 60 години откако ејачот Боб Дилан ја напиша песната „ I Am Not Here“ беше пронајдена искината страница со работен нацрт на текстот вметнат во мек повез на книга на пистаелот Ален Гинзберг, пренесе аукциската куќа Омега.


