Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук.
„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ја објавувам денеска како одговор на државниот терор што се спроведува врз градот Миннеаполис“, напиша Спрингстин.
„Таа е посветена на луѓето од Миннеаполис, на нашите невини соседи имигранти и на споменот на Алекс Прети и Рене Гуд.“
Стихови за насилство и отпор
„Град во пламен се бореше со огнот и со ICE под чизмата на окупаторот. Приватната војска на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност, со пиштоли на појасот, дојде во Миннеаполис да го спроведе законот… или барем така гласи нивната приказна.“
„Граѓаните се кренаа за правда, нивните гласови одекнуваа низ ноќта“, продолжува песната.
„А таму каде што требаше да има милост, останаа само крвави траги. И две мртви тела оставени да умираат на улиците покриени со снег – Алекс Прети и Рене Гуд.“
„Ќе ја браниме оваа земја и странеците меѓу нас. Тука, во нашиот дом, убиваа и пустошеа во зимата ’26. Ќе ги паметиме имињата на оние што умреа на улиците на Миннеаполис…“
„Федералните насилници на Трамп го удираа по лицето и по градите. Потоа ги слушнавме истрелите и Алекс Прети лежеше мртов во снегот. Тврдеа дека станувало збор за самоодбрана – само не верувајте им на сопствените очи.“
Слични новости
„Рамната земја“ повторно во тренд и покрај новите фотографии на НАСА
НАСА продолжува да го восхитува светот со материјали од историската мисија „Артемис 2“, меѓутоа најновата серија фотографии со висока резолуција не само што предизвика восхит од научната заедница, туку повторно ги „запали“ социјалните мрежи и ја оживеа вечната дебата за обликот на нашата планета.
Шпанската вакцина Ноус -209 дава охрабрувачки резултати во борбата против ракот
Шпански истражувачки тим денеска соопшти дека експерименталната вакцина Ноус-209, наменета за превенција на рак на дебелото црево кај ризични пациенти, покажа силен имунолошки одговор без сериозни нуспојави
Кање Вест се обидува да направи кам-бек на музичката сцена по отворениот неонацизам
Раперот се обидува да ублажи некои од неговите изјави и пронацистички пораки, но неговото пропаѓање во музичката индустрија е евидентно, пишуваат американските таблоиди.


