Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук.
„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ја објавувам денеска како одговор на државниот терор што се спроведува врз градот Миннеаполис“, напиша Спрингстин.
„Таа е посветена на луѓето од Миннеаполис, на нашите невини соседи имигранти и на споменот на Алекс Прети и Рене Гуд.“
Стихови за насилство и отпор
„Град во пламен се бореше со огнот и со ICE под чизмата на окупаторот. Приватната војска на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност, со пиштоли на појасот, дојде во Миннеаполис да го спроведе законот… или барем така гласи нивната приказна.“
„Граѓаните се кренаа за правда, нивните гласови одекнуваа низ ноќта“, продолжува песната.
„А таму каде што требаше да има милост, останаа само крвави траги. И две мртви тела оставени да умираат на улиците покриени со снег – Алекс Прети и Рене Гуд.“
„Ќе ја браниме оваа земја и странеците меѓу нас. Тука, во нашиот дом, убиваа и пустошеа во зимата ’26. Ќе ги паметиме имињата на оние што умреа на улиците на Миннеаполис…“
„Федералните насилници на Трамп го удираа по лицето и по градите. Потоа ги слушнавме истрелите и Алекс Прети лежеше мртов во снегот. Тврдеа дека станувало збор за самоодбрана – само не верувајте им на сопствените очи.“
Слични новости
Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд
Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд: Неговата балада „ „Lover, You Should’ve Come Over” влезе на Билборд 100 те жешки хитови. Песната која сега добива на популарност никогаш не била објавена како сингл.
Нетфликс објави дека снима петта сезона на Линколн адвокатот
Стримерот Нетфликс објави дека снима петта сезона од хит серијата „Линколн адвокатот“, една недела пред премиерата на четвртата сезона.
Вулканот Шивелуч на Камчатка два пати еруптираше во последните 24 часа
Вулканот Шивелуч на руското полуострово Камчатка еруптираше по втор пат во изминатите 24 часа и исфрли столб од пепел висок 8 километри, а облакот од пепел се прошири на радиус од 15 километри

