Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук.
„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ја објавувам денеска како одговор на државниот терор што се спроведува врз градот Миннеаполис“, напиша Спрингстин.
„Таа е посветена на луѓето од Миннеаполис, на нашите невини соседи имигранти и на споменот на Алекс Прети и Рене Гуд.“
Стихови за насилство и отпор
„Град во пламен се бореше со огнот и со ICE под чизмата на окупаторот. Приватната војска на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност, со пиштоли на појасот, дојде во Миннеаполис да го спроведе законот… или барем така гласи нивната приказна.“
„Граѓаните се кренаа за правда, нивните гласови одекнуваа низ ноќта“, продолжува песната.
„А таму каде што требаше да има милост, останаа само крвави траги. И две мртви тела оставени да умираат на улиците покриени со снег – Алекс Прети и Рене Гуд.“
„Ќе ја браниме оваа земја и странеците меѓу нас. Тука, во нашиот дом, убиваа и пустошеа во зимата ’26. Ќе ги паметиме имињата на оние што умреа на улиците на Миннеаполис…“
„Федералните насилници на Трамп го удираа по лицето и по градите. Потоа ги слушнавме истрелите и Алекс Прети лежеше мртов во снегот. Тврдеа дека станувало збор за самоодбрана – само не верувајте им на сопствените очи.“
Слични новости
Парижанец освои на лотарија слика од Пикасо вредна повеќе од милион евра
Маж од Париз освои оригинална слика од шпанскиот сликар пабло Пикасо вредна повеќе од милион евра на хуманитарна лотарија за која билетот чинеше 100 евра.
„Галаксијата на Супер Марио“ заработи над 600 милиони долари за две недели прикажување
Филмот на Универзал „Галаксијата на Супер Марио“ направен според франшизата од видео играта оствари одлични резултати и е прв на Бокс офисот и во втората недела од прикажувањето.
Бритни Спирс повторно на рехабилитација од зависност
Бритни Спирс се пријави во институција за рехабилитација од зависност, откако минатиот месец беше уапсена поради возење под дејство на дрога.


