Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук.
„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ја објавувам денеска како одговор на државниот терор што се спроведува врз градот Миннеаполис“, напиша Спрингстин.
„Таа е посветена на луѓето од Миннеаполис, на нашите невини соседи имигранти и на споменот на Алекс Прети и Рене Гуд.“
Стихови за насилство и отпор
„Град во пламен се бореше со огнот и со ICE под чизмата на окупаторот. Приватната војска на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност, со пиштоли на појасот, дојде во Миннеаполис да го спроведе законот… или барем така гласи нивната приказна.“
„Граѓаните се кренаа за правда, нивните гласови одекнуваа низ ноќта“, продолжува песната.
„А таму каде што требаше да има милост, останаа само крвави траги. И две мртви тела оставени да умираат на улиците покриени со снег – Алекс Прети и Рене Гуд.“
„Ќе ја браниме оваа земја и странеците меѓу нас. Тука, во нашиот дом, убиваа и пустошеа во зимата ’26. Ќе ги паметиме имињата на оние што умреа на улиците на Миннеаполис…“
„Федералните насилници на Трамп го удираа по лицето и по градите. Потоа ги слушнавме истрелите и Алекс Прети лежеше мртов во снегот. Тврдеа дека станувало збор за самоодбрана – само не верувајте им на сопствените очи.“
Слични новости
Почина Тими Де Карло фронтменот на рок бендот „Бостон“
Томи Де Карло, фронтменот на американскиот рок-бенд Бостон, почина на 60-годишна возраст, од рак на мозокот. Музичарот почина само шест месеци откако му беше дијагностицирана болеста
Бокс Офис: Анимираниот Хоперс на Пиксар ортови со заработка од 88 милиони долари
Студиото Пиксар има голема причина за задоволство, откако во премиерниот викенд нивниот најнов филм „Хоперс“ заработи 46 милиони долари во САД и 42 милиони долари на глобалните пазари
Бен Стилер побара од Белата куќа да го отстрани „Тропската бура“ од пропагандното видео за војната во Иран
Стилер напиша дека никој не и дал дозвола на Белата куќа да користи клипови од филмот и дека тој нема интерес да биде дел од нивната пропагандна машина. Војната не е филм, порача Бен Стилер.


