Бројката на потврдени случаи на ебола во ДР Конго, според официјалните податоци, надмина 3.000. Здравствените власти на Конго соопштија дека до сега биле забележани 3.075 потврдени случаи на заразата, вклучувајќи 1,354 смртни случаи и 556 излекувани, додека 755 пациенти и натаму се во болница и изолација.

Жариштето на ебола е активно во дури пет провинции на ДР Конго. Засега не постои одобрена вакцинаниту лиценцирен лек против вирусот „Бундибугио“ подтип на еболата кој е прв пат забележан во западна Уганда.

Светската здравствена организација предупреди дека вистнските бројки на заразени лица со ебола во Конго се најмалку два пати повисоки, а се страхува дека бројката е можеби четирикратно поголема.   

Слични новости

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар над албанскиот приморски град Химара

Голем пожар изби над приморскиот град Химара, на југот на Албанија, кој добива загрижувачки размери поради ветерот. Пламените јазици целосно пеплосaа шест куќи, неколку се опожарени, а поради опасноста се евакуирани локални жители и туристи до целосно стабилизирање на состојбата.