Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.

Највисока инциденца е забележана кај децата до четири години.

Најмногу случаи се пријавени во Скопје – 669, додека во неколку помали градови бројот на заболени е под 30, а во некои нема пријавени случаи.

Во сезоната 2025/2026, досега регистрирани се 14.984 случаи на грип, а вкупно 79.118 лица се вакцинирани со бесплатна или комерцијална вакцина против ова сезонско заболување.

 

Слични новости

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик