Бројот на загинати во експлозија на гас во рудник за јаглен во северната кинеска покраина Шанкси се искачи на најмалку 90, објавија државните медиуми.

Речиси 250 луѓе работеле под земја во рудникот кога се случила експлозијата. Стотици спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажуваат болничари како носат носилки на местото, а во позадина се гледаат амбулантни возила.

Повеќе од 100 рудари се пренесени во болница, а спасувачите и натаму сè на терен.

Кинескиот лидер Си Џинпинг претходно во текот на денот  повика на „темелна истрага“ и „одговорност“ за инцидентот. 

 Рударската катастрофа е една од најсмртоносните во Кина во изминатата деценија.

Слични новости

Блумберг: Си го надмудрува Вашингтон и го зацврстува сојузот со Москва

Блумберг: Си го надмудрува Вашингтон и го зацврстува сојузот со Москва

Кинескиот претседател Сисе поотворено настапува како еден од најмоќните актери на светската политика, а неговите средби со Путин и Трамп покажуваат дека Пекинг веќе не сака да биде само посматрач, туку еден од центрите на глобалниот светски поредок.