Бројот на жртвите од пукањето во неделата на прославата на еврејскиот празник на култната плажа Бонди во австралиски Сиднеј се искачи на 16, соопшти полицијата, додавајќи дека татко и син стојат зад нападот.

Полицијата во објава на платфромата X соопшти дека 16 лица загинале а 40 се лекуваат во болница по пукањето. Во објавата не се прецизира дали оваа бројка го вклучува и осомничениот вооружен маж, кој подоцна во престрелка беше убиен.

 

Двајцата напаѓачи биле татко и син, соопшти полицијата. Педесетгодишниот маж починал на местото на настанот, додека 24-годишникот е во болница во критична состојба.

Полицијата на државата Нов Јужен Велс соопшти дека меѓу загинатите има дете и дека возраста на убиените се движи од 10 до 87 години, објави BBC.

Нападот се случил на прославата на почетокот на еврејскиот празник Ханука, а полицијата го третира како терористички чин.

Премиерот Ентони Албаниз го нарече нападот „чин на чисто зло“ кој „намерно ја таргетирал“ еврејската заедница.

globe

Слични новости

Масовни руски напади врз Одеса и украинската инфраструктура, илјадници без струја

Масовни руски напади врз Одеса и украинската инфраструктура, илјадници без струја

Русија изврши масовен воздушен напад врз украинскиот град Одеса и други региони, при што беа погодени енергетската и пристанишната инфраструктура, а избувна и пожар на цивилен брод во Црното Море.