Бројот на жртвите од пукањето во неделата на прославата на еврејскиот празник на култната плажа Бонди во австралиски Сиднеј се искачи на 16, соопшти полицијата, додавајќи дека татко и син стојат зад нападот.

Полицијата во објава на платфромата X соопшти дека 16 лица загинале а 40 се лекуваат во болница по пукањето. Во објавата не се прецизира дали оваа бројка го вклучува и осомничениот вооружен маж, кој подоцна во престрелка беше убиен.

 

Двајцата напаѓачи биле татко и син, соопшти полицијата. Педесетгодишниот маж починал на местото на настанот, додека 24-годишникот е во болница во критична состојба.

Полицијата на државата Нов Јужен Велс соопшти дека меѓу загинатите има дете и дека возраста на убиените се движи од 10 до 87 години, објави BBC.

Нападот се случил на прославата на почетокот на еврејскиот празник Ханука, а полицијата го третира како терористички чин.

Премиерот Ентони Албаниз го нарече нападот „чин на чисто зло“ кој „намерно ја таргетирал“ еврејската заедница.

globe

Слични новости

Трамп не е сигурен дали ќе има ефекти од неговите економски политики до изборите

Трамп не е сигурен дали ќе има ефекти од неговите економски политики до изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не е сигурен дали републиканците ќе ја задржат контролата врз Претставничкиот дом на среднорочните избори следната година, бидејќи влијанието на неговите економски политики нема да се почувствува целосно, објави весникот The Wall Street Journal

Тајланд прогласи полициски час, продолжуваат борбите на границата со Камбоџа

Тајланд прогласи полициски час, продолжуваат борбите на границата со Камбоџа

Тајланд прогласи полициски час во својата југоисточна покраина Трат во неделата, бидејќи борбите со Камбоџа се проширија на крајбрежните области на спорниот пограничен регион, два дена откако американскиот претседател и амбициозен миротворец Доналд Трамп изјави дека страните се согласиле да ги прекинат борбите