Бројот на жртвите од пукањето во неделата на прославата на еврејскиот празник на култната плажа Бонди во австралиски Сиднеј се искачи на 16, соопшти полицијата, додавајќи дека татко и син стојат зад нападот.
Полицијата во објава на платфромата X соопшти дека 16 лица загинале а 40 се лекуваат во болница по пукањето. Во објавата не се прецизира дали оваа бројка го вклучува и осомничениот вооружен маж, кој подоцна во престрелка беше убиен.
Двајцата напаѓачи биле татко и син, соопшти полицијата. Педесетгодишниот маж починал на местото на настанот, додека 24-годишникот е во болница во критична состојба.
Полицијата на државата Нов Јужен Велс соопшти дека меѓу загинатите има дете и дека возраста на убиените се движи од 10 до 87 години, објави BBC.
Нападот се случил на прославата на почетокот на еврејскиот празник Ханука, а полицијата го третира како терористички чин.
Премиерот Ентони Албаниз го нарече нападот „чин на чисто зло“ кој „намерно ја таргетирал“ еврејската заедница.
Слични новости
Полицијата приведе „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун
Полицијата во Провиденс уапси „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун во кое загинаа двајца студенти а девет други беа повредени, од кои седум се во критична состојба
Украина се откажува од амбицијата за членство во НАТО
Украина се откажува од амбицијата да се приклучи на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за прекин на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин
Најмалку десет жртви во напад на плажа во Сиднеј
Десет лица се убиени во пукотница во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, соопшти австралиската полиција, според агенцијата France Presee


